Настани
Од 8-ми октомври започнува официјалната програма на КИНЕНОВА на Телевизија 24
На 8-ми октомври започнува да се емитува официјалната програма на Меѓународниот фестивал „КИНЕНОВА“ на телевизија 24 под покровителство на VIVAX.
Големото отворање на фестивалот ќе започне со Бранка Катиќ и нејзиното специјално интервју по повод фестивалот. Бранка Катиќ оваа година е ѕвезда на КИНЕНОВА. Таа ја доби престижната награда на фестивалот за особен придонес во филмската уметност, а минатата недела на прес конференцијата на КИНЕНОВА се вклучи во живо од својот дом во Белград за да ги поздрави организаторите и да им се заблагодари за особената чест и за првата награда воопшто од Македонија.
Веќе од почетокот на октомври се емитува ретро програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година. Ова петто издание се разликува со тоа што цел октомври на програмата на Телевизија 24 љубителите на филм ќе бидат во можност да го следат секој филм на фестивалот од своите домови.




