Настани
Од Миконос на журка во Скопје – Chris IDH за старт на Intermezzo Music Rituals
И официјално вечер стартува Intermezzo Music Rituals и тоа со сетот на Chris IDH, едно од најголемите имиња од соседството кога е во прашање хаус сцената.
Роден е во Атина во 1989 година, а интерес за музика покажал уште во детството. И не само тоа, туку и низ годините го надградувал и своето музичко образование – изучувал пијано, што му помогнало многу полесно да навлезе во светот на музичката продукција, а подоцна изучувал и музичка технологија и звук.
Како диџеј, неговите вештини му овозможиле да настапува со најголемите музички имиња на хаус сцената, а во изминатите 10 години издал многу траки за Suma records, Look At You Records, Quantize Recordings, King Street Sounds, Deeptone… Желбата за експериментирање во студио и правење траки кои се, пред сè, свежи го прави Chris IDH еден од најуспешните продуценти во Грција, но и на интернационалната музичка сцена.




