МК Сцена
Галоски со нов хит и интернационална турнеја
Македонија и тоа како има светски признат диџеј и вистински музички амбасадор, а доказ за тоа е дека Галоски – нашиот добро познат диџеј и продуцент веќе неколку години е еден од најбараните артисти во земјава и пошироко.
Деновиве Галоски го објави своето најново издание насловено како ALL MY LOVE и за само неколку дена од објавувањето, именувано е како ‘Hottest Record Of The Week’ (Хит на неделата) на SiriusXM – еднa од најпознатите радио мрежи за електронска музика во Соединетите Американски Држави, и има висок рејтинг и комплименти од страна на BBC1 Radio, a може да го слушнеме скоро на сите радио станици ширум земјава.
Инаку вокалот на песната е Lucky Lou која претходно имаше издание со светската денс икона Армин ван Бјурен и композиторот Јарослав Поликарпов чие име може да го сретнеме на изданија од артисти на рангот на Coldplay/Ofenbach, Armin van Buuren, Icona Pop, Felix Jaehn и многу други.




