Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонија
Од 9 септември, Филхармонија на РСМ ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на Концертната сезона 2019/2020.
Како и во изминатите години, и годинава Филхармонија нуди промотивна сезонска БЛОК ВЛЕЗНИЦА, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 – јуни 2020, вклучувајќи и неколку ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТИ.
Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари. Доколку се резервира годишна БЛОК ВЛЕЗНИЦА до 15 септември, обезбедувате промотивен попуст од 30 посто и цената изнесува 9.000 денари. Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември, ќе изнесува 10.000 денари.




