Настани
Спектакл во најава: Јелена Розга оваа сабота со голем концерт во Скопје
Остана уште малку до најавениот најголем аудиовизуелен концертен спектакл месецов – концертот на хрватската поп пејачка Јелена Розга, која во Скопје доаѓа во рамки на турнејата „Минут срца мог“.
Како што веќе и најавивме, организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во Скопје веќе се пристигнати и подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што ќе овозможат неверојатно уживање за сите музички сладокусци.
Почетокот на саботниот концерт (на 10 февруари) е закажан во 20:00 часот, а вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 18:00 часот. Она што треба да го знаат сите кои веќе имаат обезбедено место во салата, а со цел полесно доаѓање до локацијата за која е купена влезница, е дека соодветно ќе бидат означени и обележани сите позиции. Оние другите, пак, кои се уште не го набавиле својот билет, а сакаат да го сторат тоа да побрзаат бидејќи е останат уште ограничен број влезници.





