Настани
Под отворено небо со „Рибља Чорба“ на 31-ви јули во Охрид
Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља Чорба“, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонија на 31-ви јули и тоа на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.
Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат во балканската рок историја.
Секако дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме хитовите како што се: „Lutka sa naslovne strane“, „Kad sam bio mlad“, „Pogledaj dom svoj anđele“, како и многу други.





