Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Повеќе од 20.000 посетители досега на ТАКСИРАТ!

Настани

Повеќе од 20.000 посетители досега на ТАКСИРАТ!

Музичкиот фестивал ТАКСИРАТ годинава собра повеќе од 20.000 посетители и тоа само во досегашната програма на актуелното издание во чии рамки допрва следуваат уште два големи настани и тоа: „Лузер Фест“ во сабота на 3 декември и главната вечер на „ТАКСИРАТ“ на 7 декември!

Во низата веќе одржани настани, последен и меѓу најпосетените досега беше ПИН – меѓународниот шоукејс фестивал и конференција, кој во склоп на „Таксират“ се одржуваше минатиот викенд во Скопје со повеќе од 6.000 луѓе од цела Европа и подалеку, кои во вкупно три дена и три ноќи, како никогаш досега го исполнија буквално целиот простор на Младинскиот Културен Центар. Од 24 до 26 ноември ПИН беше музичкиот епицентар во југоисточна Европа и збирно место на дејците од европската музчката индустрија. Запишувајќи се како еден од најзначајните вакви настани во регионот, ПИН годинава беше домаќин на над 350 делегати, експерти од музичката индустрија од 32 држави, најмногу од Европа но и од другите континенти, меѓу кои беа и повеќе од 60 говорници кои ја збогатија дневната панел-програма, додека пак концертите на скоро 45 изведувачи кои пристигнаа од 16 различни земји ги „оживеаја“ скопските ноќи.

Претходно пак, во рамки на ТАКСИРАТ, се одржаа и низа целосно распродадени концерти и тоа два на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ во Филхармонија, потоа Ману Чао и „Хладно Пиво“ во МКЦ и секако неодамнешниот фантастичен концерт на светски познатиот виолинист, маестро Андре Риу во Арената „Борис Трајковски“.

Следниот настан од офф-програмата на „ТАКСИРАТ“, „ЛУЗЕР ФЕСТ“ нѐ очекува веќе утре, сабота 3 декември. Новото издание на фестивалот посветен на новите, демо бендови од домашната сцена ќе се одржува во Младински Културен Центар во Скопје, каде што на сцената на концертната сала „25 Мај“ ќе имаме прилика да ги проследиме настапите на годинашните осум финалисти: „Беседа“ од Куманово, „Халфгад“ од Кичево, „Ендемски Вид“ од Кавадарци, „Оловна Рестрикција“ од Велес, „Џеф Бахами“, како и скопските „Растстејнд“, „Мензел“ и „Харакири“.

И секако, најголемото исчекување е за главната вечер на ТАКСИРАТ на 7 декември во скопската Арена „Борис Трајковски“ каде што во осумчасовна програма, со настапите на 12 музички артисти и со најголемата забава на две бини ќе биде официјално затворено годинашното, маратонско 24-то издание на Фестивалот!

Сите новости, информации за програмата, билетите и продажните места се објавени на официјалната интернет страница на Таксират: www.taksirat.mk .

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.