Настани
MAC-манијата не престанува: ГОРАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ!
Music Awards Ceremony (MAC) ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога на првиот ден од манифестацијата ќе настапат регионалните претставници на поп, алтернативниот поп, рок, рап, хип-хоп, светската музика и фолк музиката, додека на вториот ден од MAC сцената ќе им припадне на најголемите идоли на трап, дрил и урбаната поп музика.
Хистеријата која на социјалните мрежи ја предизвика информацијата дека најголемата и најгламурозната регионална манифестација на доделување музички признанија Music Awards Ceremony (MAC) во организација на Скајмјузик, се враќа со дводневен спектакл во белградската Штарк Арена на 25 и 26 јануари, и понатаму не запира.
Сѐ почна на официјалниот Инстаграм-профил на MAC каде во неделата точно во 19 часот беше најавено долгоочекуваното трето издание, на голема врата – со ЛАЈВ вклучувања на некои од најголемите музички ѕвезди во регионот, добитници на престижните MAC награди во претходните изданија, кои за прв пат имаа ексклузивно право да номинираат трoјца свои фаворити за MAC 2023 признанијата. Во ЛАЈВОТ се вклучија и изведувачите кои во таа прилика беа номинирани, па, на изненадување на следбениците, имаа можност да видат кого сѐ номинираа Констракта, Секси од Црни Церак, Лацку, Нучи, Едита и Сара Јо.




