Настани
Real tribute – Симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје
Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија!
Рок симфонијата “Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.
Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.




