Настани
„Се вљубив во Јовано Јованке“ – светски познатиот виолинист Ара Маликиан со песна ве кани на концерт
Веќе добро знаете дека еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, Ара Маликиан, на 18 октомври за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во „Македонска филхармонија“.
Токму по тој повод, светски познатиот виртуоз на виолина испрати покана до сите негови фанови во Македонија, свирејќи ја македонската песна „Јовано Јованке“ за која самиот вели дека се вљубил во неа и доби бројни комплименти.
Дали знаевте дека Ара Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, а свој концерт одржал и на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.




