Настани
Балканската мегаѕвезда и естрадна модна икона Јелена Карлеуша на спектакуларен концерт во Скопје
По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје.
Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје.
Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од македонската престолнина!





