Настани
Северина со голем концерт во Скопје на 30-ти март
Една од најпопуларните хрватски и регионални музички ѕвезди, а според многумина и неприкосновена модна икона – Северина, доаѓа повторно во Скопје и тоа со многу добра причина, а тоа е големиот концерт кој е закажан на 30-ти март, следната година.
Таа е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период е во центарот на вниманието, откако на публиката и го претстави својот нов албум под наслов „Sorry“.
