Настани
„Рибља Чорба“ со голем предновогодишен концерт во Скопје
Легендарните „Рибља Чорба“, го најавија својот концерт во Скопје и тоа на 16-ти декември во „Арена Борис Трајковски“.
Во текот на сите овие долги години постоење, одржаа безброј сјајни концерти низ кои поминаа многу генерации, генерации кои и ден денес се верни на нивниот звук. После толку продадени влезници, Бора и пријателите ги носат сите хитови во „Арена Борис Трајковски“.
Ако некому му прилега зборот легенда, тогаш тоа со сигурност е Бора Чорба – човекот кој својата рок филозофија веќе со денеции ја спроведува како свој животен стил. Уште од најрана младост предизвикуваше контрадикторни емоции кај публиката и додека едни ја оспоруваа неговата работа, другите уживаа во неговите песни и музика. Во својот богат живот, Бора имаше многу убави, но и тешки моменти, но при секој пад успеваше да покаже дека ништо не може да го сруши.





