Настани
Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Романија ја почнува концертната 2025
Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, концертната 2025 година ја старува утревечер (петок, 17 јануари) во Темишвар, Романија со оркестарската изведба на проектот МАКЕДОНИСИМО.
Придружувани од Симфонискиот оркестар на Филхармонијата Банатул од Темишвар, под диригентстака палка на Раду Попа, МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ на овој концерт ќе го сочинуваат и Владимир Крстев на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките ќе биде Влатко Нушев. Делото изнедрено од богатата македонска традиционална музичка ризница низ аранжманите на Панде Шахов ќе се најде на програмското концертно „мени“ заедно со дела од Шостакович и Гершвин.
