Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје ќе „гори“ овој викенд: Концерт на Бресквица, Инас, Таско, THCV, Клинац и Тони Зен!

Настани

Скопје ќе „гори“ овој викенд: Концерт на Бресквица, Инас, Таско, THCV, Клинац и Тони Зен!

Конечно овој петок во нашата престолнина ќе започне долгонајавуваниот „Open Air – East Gate Mall Connect Festival“. Скопјани, но и македонската публика ќе имаат прилика неколку викенди по ред да уживаат во концертите на најголемите балкански и домашни ѕвезди.

Овој петок (03.06) за првпат во Македонија ќе настапи српската музичка ѕвезда Бресквица, потоа популарниот Инас и нашиот рапер Таско. Додека пак во сабота (04.06) ќе настапат милениците на публиката ТHCV, потоа одличниот Клинац и на наше огромно задоволство ќе го видиме и Тони Зен.

Наредните викенди ги очекуваме и настапите на: Раста, Елена Китиќ, Анастасија Ражнатовиќ, С.А.Ф. Бед Копи, Пајак, Диџеј Боно и Кристина Димитри, Диџеј Леа, Тракер, Луна и други.

Организаторите на овој музички настан велат дека вакво нешто досега немало во нашата земја. Толку многу ѕвезди на едно место и во еден град.

-Ова е еден од најголемите музички проекти кои се работеле во нашата земја. Се потрудивме да ги обезбедиме во моментот најголемите музички имиња, но не само тоа, се обидовме да ги задоволиме вкусовите на речиси сите генерации кои сакаат квалитетна музика – велат организаторите.

Влезниците веќе се пуштени во продажба и тоа во „East Gate Mall“, како и онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. Истите ќе се продаваат по цена од: 600 денари за дневна картa, викенд-карта ќе чини 1.000 денари, додека блок-карта чини 3.000 денари.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.