Настани
Голем концерт на Цеца и Анастасија во Пробиштип: Откриено што бараат задолжително да има на нивната рајдер-листа!
Има помалку од две недели до најголемиот концерт за ова лето. 11 јуни, „Аква парк“ во Пробиштип – Цеца и Анастасија Ражнатовиќ за првпат со заеднички голем концерт.
Ова е нивни прв заеднички настап досега, а покрај македонската публика, се очекуваат и гости од соседните земји Бугарија и Србија. Токму поради тоа хотелите во Пробиштип и околината веќе се резервирани од странски, но и домашни гости.
Организаторите на овој голем музички настан велат дека подготовките се во тек. Тие откриваат дека музичките ѕвезди во Македонија ќе пристигнат два дена порано, но не откриваат каде ќе престојуваат.





