Настани
SKOPJE SOUNDS GOOD: Рецепт за еликсир на младоста!
После цели 16 години од неговото прво, па и последно одржување, Авалон го реобновува фестивалскиот бренд SKOPJE SOUNDS GOOD, овој пат со неверојатно свежа и актуелна комбинација на регионални артисти – бендовите кои го претставуваат најдоброто од алтернативната музичка сцена во регионот: BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, FUNK SHUI и SVEMIRKO.
BUČ KESIDI, српското рок-електро-диско дуо, важат за поетски гласноговорници и претставници на духот на младината и нивната генерација. Нивниот последен албум ,,Euforija’’ го заокружува успехот на бендот, започнат со хит – синглот ,,Nema Ljubavi u Klubu”. Од 2019 па натаму, го промовираат својот последен албум, заедно со концертниот филм ,,Euforija Uživo”, преку распродадени концерти во Белград, Нови Сад, Загреб, Крагујевац и Ниш, па сѐ до неверојатно еуфоричниот настап на главната бина на Exit Festival, на која настапија во prime time, пред повеќе од 10.000 фанови кои едногласно ги пееја нивните хитови.
Мистериозното загрепско дуо NIPPLEPEOPLE е на сцената од 2008 година кога и го издадоа првиот сингл „Broj“. Локалниот успех го претвораат во национален после објавувањето на песната „Sutra“, по што следеа и настапи на едни од најголемите регионални фестивали. Во 2017-та година бендот го промовираше новиот сингл „Frka“, која стана своевремена химна кај урбаната популација. Заразната поп-електроника на Nipplepeople која реферира на 80-тите години, нуди современ урбан звук на електронската денс музика што ги прави Nipplepeople едни од најдобрите состави на Балканот.




