Настани
Вечер со Тони Китановски во Куршумли Ан
На 15 август, во Куршумли Ан, со почеток во 20:00 часот, нашиот најдобар џез гитарист Тони Китановски ќе одржи концерт заедно со извонредните музичари Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.
Концерт ќе биде фузија на world музика со jazz елементи, изведена од врвни мајстори на музичката сцена.
Концертот на Тони Китановски е во рамки на проектот „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ„ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА„ а по повод прославата на 30 годишнината од македонската независност, поддржани од Владата на РСМ преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани по повод 30 години од државноста.




