Со Филхармонијата гостува славниот контратенор Јуриј Мињенко!
„По патот на Фаринели“ е насловот на симфонискиот концерт на Филхармонијата кој ќе се одржи овој четврток во 20 часот.
Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе настапи славниот контратенор од Украина, Јуриј Мињенко, кој заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе изведе дела од Вивалди, Корели, Броски, Глук, Порпора, Хендл.
Инаку, македонскиот диригент Борјан Цанев, со концертот „По патот на Фаринели“, одбележува 20 години од неговиот прв концерт со Филхармонијата на СРМ.
Андрогеност и уникатност на нивната појава, глас со машка сила, а со распон до сопран, вокална виртуозност што плени, екстравагантни костими – се дел од карактеристиките што ги имале кастратите, контратенорите, кои во 17 и 18 век важеле за вистински „поп“-икони на своето време.




