Настани
Со слоганот „Нека живее љубовта“ во Будва од 29 април почнуваат карневалските празнувања
На крајот на април и почетокот на мај, улиците и плоштадите во и околу стариот град Будва традиционално зујат со весела бучава. Време е за карневал! По две години тишина, се враќаме со карневалскиот живот во полн сјај.
Туристичката организација на општината Будва, во соработка со основачите на карневалот – НВО „Фештазабаваџуни“, ви го најавува Меѓународниот туристички карневал, кој ќе се одржи од 29 април до 2 мај, под слоганот „Нека живее љубовта“.
Забавата ќе започне на 29 април, кога Фештаџуни и нивните пријатели ќе ги повикаат на карневал сите будвански семејства, пред се’ староседелците, но и угостителите и бројните гости што престојуваат во Будва. Абрум е случување кое традиционално се поврзува исклучиво со будванскиот карневал.





