Настани
Голем музички спектакл: Цеца и Анастасија Ражнатовиќ со голем концерт во Македонија!
Музичкиот спектакл во нашата земја за 2022 година дефинитивно е на почетокот од месецот јуни, односно 11-ти (сабота) и тоа во источниот дел од Македонија, поточно градот Пробиштип.
Голем и неколкучасовен музички хепенинг со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ. Ова е нивни прв заеднички концерт сега и кој знае кога пак…Концертот ќе се одржи во „AQUA PARK“ во Пробиштип, а гости освен од нашата земја, се очекуваат и од соседните земји како Бугарија и Србија.






