Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

GRL POWER: Голем концерт на Сенида и Сара Јо на стадионот на АРМ во Скопје

Настани

GRL POWER: Голем концерт на Сенида и Сара Јо на стадионот на АРМ во Скопје

Едни од најпопуларните и најактуелните женски имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, SENIDAH и SARA JO доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 01-ви јуни на стадионот на АРМ.

-По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Senidah и Sara Jo продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ,,Behute’’ и ,,Jadnaja” и Сара Јо со хитовите ,,Divlja’’ и песната која го запали регионот и која беше евровизиски кандидат за оваа година – ,,Muškarčina” , со постојаност докажуваат дека се највлијателните и најквалитетните регионални женски музички ѕвезди. Па, оттаму доаѓа и GRL POWER, името на овој фестивал кој има за цел да ги слави регионалните женски артисти и да ја акцентира женската моќ и позиција во музичката индустрија – соопштува организаторот „Авалон продукција“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (05-ти мај) во 09 часот наутро на сите продажни места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk,  по цена 700 денари за партер и 990 денари за фан пит (само 1000 влезници).

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.