Настани
Спектакуларен крај на скопската концертна сезона – „Балкански фестивал“ во декември
Senidah, Jala Brat и Buba Coreli, Coby, Krisko и Begeton Band и Слаткаристика на 20 декември во А1 Арена Борис Трајковски во Скопје ќе бидат дел од убедливо најголемата балканска предновогодишна журка.
Најбараните балкански артисти во моментов, токму во Скопје на едно место ќе ја спојат енергијата со која последниве неколку години, буквално рушат рекорди на слушаност. На сцената во арената Борис Трајковски ќе го видиме Балканот на едно место. Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Бугарија и Словенија се републиките од каде што доаѓаат овие артисти.
Senidah за која медиумите во регионот пишуваат дека е „вистински музички феномен“ во Скопје доаѓа вторпат. Првиот пат имаше настап во скопскиот клуб Централ Парк, но овојпат доаѓа со свој фестивалски настап. Покрај неа, тука е и Coby во моментов еден од најбараните изведувачи во Србија. „Мишиќи“, „Бело“, „Црно срце“, „Четири стране света”, „Мами“, „Ѕвер“ се само еден дел од песните со милионски прегледи на YouTube кои што ќе имате можност да ги слушнете во живо во Борис Трајковски.




