Настани
Три дена бесплатно вино за сите посетители на „Новогодишна бајка“ во паркот Авионче!
Посетата на божиќниот базар не би било целосно без уживање во вкусните сезонски задоволства што ги исполнуваат тезгите. Од вкусни хамбургери, и топли колбаси до одлично вино, кулинарските задоволства на божиќните базари ги активираат сетилата за вкус и обезбедуваат вистинска гозба.
Од денес па до 27 декември, скопски Аеродром ќе оживее со радост и магија во паркот Авионче во Аеродром, каде што „Новогодишна Бајка“ ќе биде неопходна дестинација за сите љубители на добрата забава и предновогодишниот дух.
Фестивалот на вино, вода и храна обвиткан во празнична новогодишна тематика, ќе им понуди на скопјани дополнителна бесплатна забава во предвечерието на Нова Година на кој ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.





