Настани
TYGA: „Првпат доаѓам во Македонија, фантастично си поминав и ветувам повторна дружба“ (ГАЛЕРИЈА)
Конечно добивме одговор на најголемата мистерија во последните 6 месеци во Македонија, „Дали е можно во нашата држава за прв пат во историјата да дојде актуелна светска мегазвезда – одговорот е Да”.
На огромна радост на армијата фанови од цел Балкан, Fusion Festival го оствари невозможното и на стадионот на АРМ бевме сведоци на „светско чудо” со фантастичен перформанс на пионерот на современата хип хоп сцена – Tyga.
TYGA во оваа прилика изјави: “првпат доаѓам во Македонија, фантастично гостопримство, фантастична публика, перфектна организација, ветувам дека повторно ќе се дружиме и лудуваме” .







