Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хуманитарен концерт во Спомен-куќата на Тоше, собраните пари за медицинска опрема за новороденчиња

Настани

Хуманитарен концерт во Спомен-куќата на Тоше, собраните пари за медицинска опрема за новороденчиња

Во среда, 29 јуни, во Крушево ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на спомен куќата.

– 29ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија –  велат организаторите.

Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.

 

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.