Настани
Уникатен фестивал на светлина во Скопје – трето издание на „Skopje Light Art District“
Од 19 до 22 август ќе се одржи третото издание на фестивалот на светлина „Skopje Light Art District “ на 18 локации, почнувајќи од симболот на Скопје, каде за прв пат граѓаните на Скопје ќе имаат можност да присуствуваат на уникатно доживување, видео мапинг на Камениот мост, проследено со музика и анимации, изработени од страна на реномираната француска продукција Loom Prod.
Замислената рута на движење ќе се протега од Камениот мост, кејот на реката Вардар, зградата на МЦМ и Градскиот парк. За прв пат, годинава, фестивалот има своја тема, односно ќе се обиде да даде одговори и продуцира решенија претставени преку креации на светлина на општествените недостатоците како: екологија, еколошката свест и поттикнување на одговорноста за зачувување на животната средина.
Овој тип на настан има повеќе свои улоги, но она што највеќе се истакнува е промоција и интеграција на уметноста, изградената архитектура и околината на архитектурата. Предизвикот е голем. Нашата мисија е да го истакнеме градот како жив организам и да ја возбудиме имагинацијата и поттикнеме простор за креативност и истражувачки несекојдневен ритам.





