Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АВАЛОН: Концертот на Бебек на Хераклеа помина во најдобар ред (ФОТО)

Настани

АВАЛОН: Концертот на Бебек на Хераклеа помина во најдобар ред (ФОТО)

Концертот на Бебек во Хераклеа поминал во најдобар ред, според сите протоколи за заштита од КОВИД-19, велат од Авалон продукција.

Беспрекорно испочитувани биле сите безбедносни мерки и протоколи за заштита, се одржувала физичка дистанца во публиката, а посетителите (вкупно 650 на број) уживале во концертот на големата музичка ѕвезда.

Со извонредниот концерт на Жељко Бебек во Хераклеа, како и претходните пет беспрекорно организирани концерти (на Амира Медуњанин и Дарко Рундек), Авалон го означува крајот на оваа летна музичка приказна на античките театри во Охрид и во Битола.

Следната средба ја закажаа во Скопје за 11-ти, 12-ти и 13-ти септември, на стадионот на АРМ!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.