Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре ќе се одржи 18-то издание на „Поточиња“ – повторно на отворена сцена

Настани

Утре ќе се одржи 18-то издание на „Поточиња“ – повторно на отворена сцена

Утре ќе се одржи 18-то издание на „Поточиња“ – повторно на отворена сцена

По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, на радост на најмалите, Детскиот фестивал Поточиња повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18то издание. 

Популарниот фестивал, на големо задоволство на децата, оваа година ќе се одржи на 3 јули, на Школка во Градскиот парк со почеток од 11:00 часот. 

Од организацијата, Пап продукција, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници, кои пак со многу љубов, труд и посветеност земаа учество во новото издание. 

На публиката ќе ѝ бидат претставени новите единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“.

Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид – 19.

Детската песна и смеа не смеат да престанат! Се гледаме на ПОТОЧИЊА 2021!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.