Официјално објавени процедурите за влез на EXIT за посетителите од Македонија
„ЕГЗИТ“ (EXIT) на своите веб-страници ги објави официјалните процедури за влез на посетителите на овогодишното издание на фестивалот.
Според предвидените протоколи влезот на Тврдината од 8 до 11 јули за сите посетители ќе биде ограничен на неколку начини. Иако за влез од Македонија во Србија не е потребен никаков вид на дополнителни документи освен документот за лична идентификација, за влез на Фестивалот сепак ќе биде потребен доказ за вакцинација или негативен антигенски тест.
ВАКЦИНИРАНИ ПОСЕТИТЕЛИ И ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД-19




