Време е за Бајага во Охрид!
Авалон продукција го најавува нивниот нов проект, концертот на Бајага и Инструктори на еден од апсолутно најубавите простори во нашата држава- Антички театар Охрид, на 30.07.2021, во 21:00 часот.
После којзнае колку време една од сигурно не само најголемите, туку и најактуелни регионални ѕвезди Момчило Бајагиќ – Бајага со својот бенд се враќа во Охрид за илинденските празници, да ни го сервира својот безвременски каталог на раритетно убави песни.
Дали можете да замислите како во античкиот театар во Охрид ќе звучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi safir“, па се до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Ovaj svet se menja“?!




