Настани
Вечерва Guns n Roses – Real Tribute а во петок Прљаво Казалиште во Скопје!
По фантастично добриот настап на Тони Цетински, оваа недела во скопскиот клуб PURE ќе може да се погледнат Guns n Roses – Real Tribute и Прљаво Казалиште.
Харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно се појави пред македонската публика и направи одлична атмосфера. Неговиот двочасовен настап беше будно проследен од фановите, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави едно момче од публиката и заедно ја изведоа култната “Lagala nas mala“.






