РАСЧЕКОР – феномен на ноќниот живот кој трае точно 30 години
Овој ноќен клуб лоциран во Битола е приказна која живее цели 30 години и која е фабрика за забава на бројни генерации. РАСЧЕКОР е името кое ја стави Битола на светската карта за добра забава.
Клуб за кој се доаѓаше и од други градови и од други држави. РАСЧЕКОР е најстариот клуб во градот Битола, а веројатно и најстариот во Македонија, ако се земе неговиот континуитет без промени цели 30 години (освен месеците на локдаун заради здравствената глобална криза).
РАСЧЕКОР е клуб кој не менувал сопственици, не менувал концепти, а на листата на гости имал бројни славни и убави луѓе кои остануваат запишани во нашите драги мемоари.




