Српскиот пејач Ненад Цвијетиќ познат по ноќните журки во Белград објави спот за новата балада
„Додека цел свет носи маски, постои едно место каде тие секогаш биле и ќе бидат забранети – а тоа е љубовта“ – вака ја започнува приказната за својата нова балада Ненад Цвијетиќ, талентираниот поп пејач кој веќе деценија наназад е синоним за добра ноќна забава и најдобри журки во Белград.
Поради неговата силна енергија, харизма, моќен вокал и одличната атмосфера која ја создава, за неговите настапи во живо во најпопуларните белградски клубови секогаш се бара карта повеќе. Паузата од клупските настапи пејачот ја искористи за нов предизвик – собирање на тим музички стручњаци и снимање на албум, чие објавување се планира на крајот на годината. Ненад одлучи овој пост-корона период симболично да го започне со објавување на една од најемотивните нумери од тој албум, под назив „Маски“, за која сними и видео спот.
„Станува збор секако за метафора која се однесува на емотивно разоткривање и искажување на љубов, бидејќи баладата говори за несреќна заљубеност на еден маж во жена која не ја симнува маската на ладнокрвност“- вели Ненад Цвијетиќ.







