Вести
„Сè e филм, во множина“: 13.Филозофски филмски фестивал во Кинотека
Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.
Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани 40-тина филмови , ќе се одржат 50-тина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.
Мотото на годинешното издание на ФФФ е „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.



