Настани
„Загревање“ за Скопје Синема Сити: Три дена музички документарци во Котур
Скопје Синема Сити, фестивалот кој веќе една деценија го негува музичкиот документарен филм, за својата публика го подготви настанот „Загревање“ и во периодот од 6 до 8 февруари, во соработка со клубот Кафе и филм- Котур, организира проекции на музички документарци.
„За да го одржиме ритамот до следното фестивалско издание на кое не чекаат многу изненадувања, од четврток до сабота, ви нудиме загревање со деликатесни музички документарци, во клупскиот амбиент на Котур“, велат организаторите.
Во овие три дена со почеток во 20 часот, ќе бидат прикажани три значајни музички документарни филмови: „Изнесено на Виделина“ за рок фотографот Антон Корбајн, „Њу Ордер – Декади“ за бендот Њу Ордер и „Моби Док“ за музичарот Моби.




