Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започнува „Open Air – CONNECT EAST GATE MALL FESTIVAL“: Раста, Анастасија, Реља, Саф, Тони Зен, Бресквица и многу други во Скопје

Настани

Започнува „Open Air – CONNECT EAST GATE MALL FESTIVAL“: Раста, Анастасија, Реља, Саф, Тони Зен, Бресквица и многу други во Скопје

Почнувајќи од 27-ми мај, па се до 25-ти јуни нашиот главен град ќе биде домаќин на еден од најголемите музички фестивали кои досега се одржале на овие простори.

Во нашата престолнина доаѓаат едни од најпопуларнитее музички имиња од регионот, а покрај нив исто така ќе настапат и познати имиња од нашата сцена. Тоа значи дека буквално ќе има забава за сите вкусови.

Имено на 27-ми овој месец започнува „Open Air – CONNECT EAST GATE MALL FESTIVAL“ на кој ќе настапат многу познати музички имиња.

На отварањето на фестивалот, односно на 27-ми мај ќе настапи познатиот Реља Поповиќ, потоа наредниот ден на 28-ми свој настап ќе имaат и Елена Китиќ, Диџеј Леа, Луна и Тракер.

Наредниот викенд на 3-ти јуни ќе настапи мега популарната Бресквица, па Инас, а свој настап ќе има и нашиот рапер Таско. 4-ти јуни пак е резервиран за THFC, Клинац и Тони Зен.

На 17-ти јуни настапува можеби во моментов најголемата музичка ѕвезда на овие простори, раперот Раста, а по него на сцената ќе ги видиме диџеј Боно и Кристина Димитри, како и талентираниот Пајак.

Наредниот ден на 18-ти јуни се одличните САФ и Bad Copy. Следниот викенд, односно последниот ден од фестивалот свој настап ќе одржи и мега-популарната Анастасија Ражнатовиќ.

Организаторите на овој музички настан велат дека вакво нешто досега немало во нашата земја. Толку многу ѕвезди  на едно место и во еден град.

-Ова е еден од најголемите музички проекти кои се работеле во нашата земја. Се потрудивме да ги обезбедиме во моментот најголемите музички имиња, но не само тоа, се обидовме да ги задоволиме вкусовите на речиси сите генерации кои сакаат квалитетна музика – велат организаторите.

Влезниците веќе се пуштени во продажба и тоа во „East Gate Mall“, како и онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com. Истите ќе се продаваат по цена од: 600 денари за дневна карта , викенд-карта ќе чини 1.000 денари, додека блок-карта чини 3.000 денари.

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.