Настани
Јубилејно издание на „Златна бубамара на популарноста“
Синоќешната јубилејна Златна бубамара на популарноста, со која се одбележаа 25 години постоење, 25 години вреднување на креативната продукција, 25 години пеење и смеење, беше уште една голема прослава на доброто расположение и на добрите резултати.
Доделени се 20 награди во повеќе категории, а постигнати се, во заедничка соработка со публиката во преполната сала „Борис Трајковски“, моменти на радост, трогнатост, гордост и на болка во стомаците – од смеење.
Со години, главен церемонијал мајстор на Златната Бубамара на популарноста е Сашко Коцев, актерот чии скечеви се паметат и прераскажуваат со денови по секоја манифестација. Младите комичари Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски беа придружна сила за смеење и добро расположение.




