Започна фестивалот Илинденски денови во Битола
Ако оваа 2020 година беше година без пандемијата која ја промена светот, со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, синоќа во Битола ќе започнеше 50-тото јубилејно издание на еден од најстарите фестивали во Македонија, а најстар во Битола – фестивалот на народни игри и песни “Илинденски денови”.
Здравствената криза и овој фестивал, како и многу други ширум светот ги натера да изнајдат поинакво решение со цел да се одржи традицијата и да не се заборават вредностите кои со децении се создавале.
Така вчера на симболичен начин, со изложба посветена на уште една годишнина која по бројка се совпаѓа со оваа на фестивалот, се отворија “Илинденски денови”.





