МК Сцена
Настапот на Алан Вокер одложен за 24 јуни – познат е целиот лајн-ап за „Скопје колинг“
Авалон продукција го објави финалниот line-up за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018.
Како што знаете, фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а за Вас како специјално изненадување, ја потврдивме и денес тоа и ви го најавуваме- големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!
На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.





