Сцена
НБА ѕвездите приредија луда журка: Шекил О’Нил настапи во Хрватска, на сцената му се придужи и Лука Дончиќ
Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил во слободно време кога не работи како аналитичар на НБА-натпреварите на „ТНТ“ сака да пушта музика. Тој е познат под прекарот „Диџеј Дизел“, а синоќа правеше журка на хрватскиот остров Крк.
Меѓу гостите беа и познатите НБА играчи Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Поранешниот ас на ЛА Лејкерс во еден момент ги повика на сцената, ги поздрави и ги прегрна, што дополнително ја надополни и онака одличната атмосфера.





