Сцена
Објавени номинациите за Еми наградите: „Succession“ и „Ted Lasso“ овогодинешни фаворити
Објавени се номинациите за престижната телевизиска награда Еми, која традиционално секоја година ја собира јавноста пред малите екрани.
Овогодинешното, 74-тото доделување на Еми ќе се одржи на 12 септември, а директно ќе го пренесува американската телевизиска мрежа NBC.
„Succession“ заработи најмногу номинации од кое било шоу, вкупно 25 номинации, вклучувајќи една за најдобра драма, како и номинации за најдобар главен актер за Брајан Кокс и Џереми Стронг.






