Сцена
Нетфликс ја откажа анимираната серија на Меган Маркл
Нетфликс ја отфрли очекуваната претстојна анимирана серија „Pearl“ на сопругата на принцот Хари (37), Меган Маркл (40), поради кратењето на буџетот и остриот пад на претплатниците.
Овој проект веќе подолго време беше во почетна фаза на создавање, а веста за откажување на соработката е нов удар за продуцентската куќа на Меган, Арчевел, која таа ја основа во 2020 година со принцот Хари.
Имено, целата приказна во цртаниот филм требаше да се врти околу 12-годишно девојче „на патување на самооткривање“ инспирирано од наследството на познати жени од историјата.





