Промо
НОВ МАКЕДОНСКИ БЕНД: Слушнете ја песната „Без тебе“ на Акустик Дивижн
Акустик Дивижн е нов македонски акустичен поп-рок состав формиран на почетокот на 2015 година од страна на Бојан Галевски (гитара) и Коста Бинов (вокал), а во јуни истата година им се приклучува и Марио Кузев (кахон – ударни инструменти).
Во последно време работеа на нивната авторска песна „Без тебе” која ја доби својата официјална промоција минатиот петок.
Песната е снимена во студиото „Револушн“ и истата е прв проект на студиото за Македонски пазар.




