Музика
Oasis се враќа на музичката сцена, бендот ги објави првите датуми на турнејата
Oasis се враќа на музичката сцена. Познатиот британски бенд потврди дека повторно ќе се обединат и ќе започнат турнеја, која вклучува 14 концерти во Велика Британија и Ирска во текот на следната година.
Иако претходно се шпекулираше дека тие ќе го предводат фестивалот Гластонбери и ќе одржат 10 концерти на стадионите Вембли и Етихад, тоа нема да се случи, пишува Гардијан.
Наместо тоа, настапите на браќата Галагер ќе бидат организирани во јули и август на стадионите во Кардиф, Лондон, Манчестер, Единбург и Даблин. Продажбата на билетите ќе започне на 31 август во 9 часот, а цените ќе бидат објавени истиот ден.




