Промо
Новиот Џејмс Борн пристигнува во кината (ВИДЕО)
Акцискиот трилер „Џејмс Борн“ на режисерот Пол Гренграс, кој го одбележува враќањето на Мет Дејмон на големите екрани во улогата поранешниот агент на ЦИА кој пати од амнезија, по европската премиера во Лондон на 27 јули, за време на летово ќе пристигне и во кината низ целиот свет.
Дејмон го отелотвори Борн во првите три продолженија на овој филмски серијал, снимени според делата на Роберт Ладлам, „Борновиот идентитет“ (2002), „Борновата надмоќ“ (2004) и „Борновиот ултиматум“ (2007).
Во петтото продолжение на серијата Дајмон се врати во оваа франшиза, откако одби да игра во четвртиот дел „Борновото наследство“ (2012).



