Музика
Гитаристот на „Аеросмит“ се онесвести за време на настап
Гитаристот на легендарната група „Аеросмит“, Џо Пери се онесвести на бината за време на настап во Њујорк, по што веднаш е пренесен в болница.
Како што јавија американските медиуми, инцидентот се случил во неделата вечерта во Бруклин, каде Пери настапувал со групата „Холивуд Вемпајарс“, во која членуваат и рокерот Алис Купер и актерот Џони Дип.
Според очевидци на настанот, 65-годишниот Пери одеднаш се затетеравил, по што се струполил на сцената.




