Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавен првиот кус трејлер за последната сезона на „Куќа од карти“

Сцена

Објавен првиот кус трејлер за последната сезона на „Куќа од карти“

За време на доделувањето на Оскарите, беше објавен кус трејлер за последната сезона од ТВ серијата „Куќа од карти“, во којашто нема да го гледаме досегашниот главен актер Кевин Спејси.

– Ние тукушто почнуваме!, вели во трејлерот актерката Робин Рајт, која го толкува ликот на Клер, сопругата на претседателот Френк Андервуд. Таа всушност и ќе биде новиот главен протагонист во приказната.

Спејси е отпуштен од проектот поради неодамнешните обвинувања за сексуално вознемирување. Неговото претседателско столче во серијата веќе го презема Рајт. Сезоната првично требало да има 13 епизоди, и Андервуд, односно Спејси, требаше да остане главен лик, но по скандалот, сценаристите драстично го преработиле веќе подготвениот текст и го избришале ликот на Андервуд.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.