МК Сцена
Мартинијан Кириловски успешно го помина вториот круг во „Ѕвездите на Гранд“
Мартинијан Кириловски во вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“ уште еднаш покажа како се пее.
Својот настап го започна со пијано верзија на хитот „Не даш ми мира“ од Жељко Јоксимовиќ, а потоа продолжи на македонски со „Во коси да ти спијам“ на нашиот легендарен пејач Тоше Проески.
Публиката му довикуваше дека е фантастичен, а жирито му даде зелено светло за да продолжи во третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.




