МК Сцена
Од 6-ти до 10-ти ноември ќе се одржат 27. интернационални студентски средби – Скомрахи
Скомрахи претставуваат интернационални студентски средби кои за првпат се одржани во 1988 година како потреба на студентите за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети.
После распаѓањето на Југославија идејата за средбите прераснува во идеја за собирање на студенти од цела Европа. Така во изминатите години на оваа манифестација учествувале повеќе од 25 академии и факултети од: Белград, Нови Сад, Љубљана, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Цетиње, Киев, Лоѓ, Глазгов, Братислава, Грав, Ташкент, Вроцлав, Варшава, Истанбул, Амстердам, T’ргу Муреш, Загреб, Букурешт, Солун.
Освен размена на искуства и знаења на студентите целта на Скомрахи е и афирмација на културата, афирмација на младите автори и изведувачи, остварување на лични контакти, како и соработка на проекти.




